Бранот на договори и партнерства создава загриженост дека надуениот раст на вештачката интелигенција (ВИ) се должи на меѓусебно поврзани деловни трансакции.
Пред две недели, „Енвидија“ (Nvidia) се согласи да инвестира до 100 милијарди долари во „Опен еј-ај“ (OpenAI) за да помогне во финансирањето на изградбата на огромни центри за податоци. „Опен еј-ај“ се обврза дека ќе ги пополни тие центри со милиони чипови од „Енвидија“ (Nvidia). Договорот веднаш беше критикуван како „кружен“.
„Тоа е нивна работа“, изјави Давид Сакс, шеф за ВИ и криптовалути во Белата куќа. „Ние сакаме американските компании да бидат успешни.“
Прочитај повеќе

„Опен еј-ај“ сè што ќе допре претвора во злато
„Опен еј-ај“ неодамна стана најголемиот стартап во светот, а партнерствата на компанијата ја движат цената на акциите.
07.10.2025

„Опен еј-ај“ и АМД потпишаа договор вреден милијарди
Договорот, според процените на производителот на чипови, би можел да генерира десетина милијарди долари нови приходи.
06.10.2025

„Енвидија“ ќе ги финансира чиповите на „Екс еј-ај“ на Маск, договор вреден 20 милијарди долари
Во трката за доминација во вештачката интелигенција, „Енвидија“ им се приклучи на инвеститорите што вложуваат 20 милијарди долари во стартапот „Екс еј-ај“ на Илон Маск.
пред 8 часа
Овонеделниот договор меѓу „Опен еј-ај“ и конкурентот на „Енвидија“, АМД (Advanced Micro Devices Inc. / AMD), исто така вклучува повеќе десетици милијарди долари за користење чипови и „Опен еј-ај“ ќе стане еден од најголемите акционери на АМД.
Никогаш досега не биле потрошени толку пари толку брзо за технологија што има огромен потенцијал, но нејзиниот пат до профитабилност сè уште останува нејасен. Многу од овие инвестиции се враќаат назад кон „Енвидија“ и „Опен еј-ај“.
Инвестициска еуфорија
Новиот бран на договори и партнерства што ги вклучуваат „Енвидија“ и „Опен еј-ај“ ја зголемува загриженоста дека оваа мрежа од меѓусебно поврзани трансакции го поддржува надуениот раст на вештачката интелигенција. Изградбата на инфраструктурата за ВИ ја погодува економијата, вклучувајќи долгови, капитални пазари, недвижности и енергетски индустрии.
Подетално, компаниите што пред три години ја започнаа инвестициската еуфорија за вештачка интелигенција, сега ја одржуваат со големи партнерства со доставувачи на облак-услуги, развивачи на ВИ и други стартап-компании. Со тоа овие две компании („Енвидија“ и „Опен еј-ај“) сè повеќе се сметаат за клучни фактори што го зголемуваат ризикот од можно пукање на балонот во ВИ-индустријата. Тие го пумпаат пазарот и опасно поврзуваат многу компании меѓусебно.
Само „Опен еј-ај“ сега има договори со „Енвидија“, АМД и „Оракл“ (Oracle) што во вкупна вредност можат да надминат еден билион долари. Во меѓувреме стартапите продолжуваат да трошат пари и не се очекува дека ќе генерираат позитивен паричен тек пред крајот на оваа деценија.
„Ако за една година сведочиме на балон на вештачката интелигенција и нејзин пад, оваа инвестиција може да биде едно од првите гнили парчиња“, изјави Брајан Колело, аналитичар во „Морнингстар“ (Morningstar), за инвестицијата на „Енвидија“ во „Опен еј-ај“.
Голем дел од растот на вештачката интелигенција го следат шпекулации за брзото склучување договори од страна на „Енвидија“. Производителот на чипови го поддржува пазарот со инвестирање во повеќе десетици стартапи за ВИ, од кои многу се потпираат на неговите графички процесори.
„Оракл“ ќе гради центри за податоци низ САД
„Опен еј-ај“, пак, во помала мера инвестираше во стартапи, од кои некои развиваат услуги засновани на неговите модели за вештачка интелигенција. Но, со влезот на технолошките компании во повисоката фаза на развој на ВИ, обемот на договори помеѓу „Енвидија“ и „Опен еј-ај“ се зголемува, што ги прави овие договори сè потешки за игнорирање.
Ден по објавата на „Енвидија“ и „Опен еј-ај“ за нивниот договор од 100 милијарди долари, „Опен еј-ај“ потврди уште еден посебен договор со „Оракл“ вреден 300 милијарди долари за изградба на центри за податоци во САД. „Орскл“ ќе вложи милијарди долари во чипови на „Енвидија“ за овие центри, што значи дека парите повторно ќе се враќаат кај „Енвидија“, која станува еден од главните поддржувачи на „Опен еј-ај“.
Загриженоста дека „Оракл“ нема да може да извлече вистински профит од овие високи инвестиции стана посилна по извештаите од вторникот, кои покажаа дека „Оракл“ има пониски маржи од очекуваното за своите услуги во облак. Иако „Оракл“ во последниот квартал оствари приходи од околу 900 милиони долари од изнајмување сервери со чипови на „Енвидија“, тој создаде само 14 центи бруто-профит на секој долар од продажба, како што објави „Информејшн“ (The Information). Оваа вест ги потопи акциите на „Оракл“ и влијаеше на поширокиот пазар.
„Екс еј-ај“ ќе изнајмува чипови од „Енвидија“
Подоцна во вторникот извори открија дека „Енвидија“ планира да направи инвестиција во „Екс еј-ај“ (xAI) на Илон Маск вредна до 2 милијарди долари, како дел од 20 милијарди долари финансирање поврзано со чипови на „Енвидија“. Структурата вклучува специјална наменска компанија (SPV), која ќе ги купи процесорите на „Енвидија“, а потоа „Екс еј-ај“ ќе ги изнајмува тие чипови во период од пет години.
Сличен циклус на инвестиции може да се забележи и кај „Корвив“ (CoreWeave Inc.), една од најголемите успешни приказни на Волстрит годинава. „Енвидија“ ја поддржа нивната иницијална јавна понуда со 7-отстотен удел, а потоа се согласи да купи обемни услуги во облак од оваа компанија, вредни 6,3 милијарди долари, кои даваат пристап до чиповите на „Енвидија“.
„Опен еј-ај“ исто така доби 350 милиони долари капитал од „Корвив“ пред иницијалната јавна понуда и неодамна ги прошири своите договори за услуги во облак, кои сега може да бидат вредни до 22,4 милијарди долари. Овие трансакции дополнително ги поврзуваат „Енвидија“ и „Опен еј-ај“, создавајќи уште поголема зависност помеѓу нив.
Во технолошката индустрија водечките личности ја поддржуваат оваа необична деловна поврзаност како неопходна за да се задоволи неконтролираната побарувачка за услуги од вештачка интелигенција (ВИ). Лиса Су, извршната директорка на АМД, за „Блумберг ТВ“ изјави дека партнерството со „Опен еј-ај“ е „силен, позитивен циклус“. Грег Брокман, претседателот на „Опен еј-ај“, истакна дека за задоволување на побарувачката за компјутерска моќ, потребна е „индустриска мобилизација“ на целиот ВИ-синџир.
Кога ќе почнат компаниите да остваруваат профит?
Во Вашингтон односот е опуштен, бидејќи секторот се гледа како клучен за конкуренцијата со Кина. „Тоа е нивна работа“, изјави Давид Сакс, шеф за ВИ во Белата куќа. „Ние сакаме американските компании да бидат успешни“. Администрацијата на Трамп е поврзана со инвестиции во ВИ преку „Интел“ (Intel) и планира да собира дел од продажбата на чипови на „Енвидија“ и АМД на Кина.
Некои аналитичари прават паралели со интернет-балонот од 1990-тите. „Тогаш стартапи си купуваа услуги едни од други за да го надуваат растот. Денес ВИ-компаниите имаат клиенти, но нивната потрошувачка сè уште ги надминува нивните приходи“, изјави Пауло Карвао од Харвард.
Претставник на „Енвидија“ изјави дека компанијата не бара од компаниите да користат нејзина технологија. „Опен еј-ај“ не одговори на барањето за коментар.
Сам Алтман изјави дека „Опен еј-ај“ планира да инвестира милијарди во изградба на инфраструктура за ВИ, што е предизвик за стартап што никогаш не остварил профит. „Опен еј-ај“ се потпира на комбинација од ризичен капитал, задолжување и партнерства со други компании.
„Алтман има моќ да го фрли глобалното стопанство во десетгодишна криза или да нѐ однесе во ветената земја“, пишува Стејси Расгон, аналитичарка во БР (Bernstein Research). „Засега не знаеме која од тие опции ќе се оствари“, посочува таа.
„Енвидија“ има големи финансиски резерви, кои ѝ дозволуваат да го одржи добриот замав. Со пазарна капитализација од 4,5 билиони долари, компанијата и натаму инвестира во ВИ и поддржува партнери како „Корвив“. Според податоците на „Пичбук“ (PitchBook), „Енвидија“ учествувала во 52 инвестиции во ВИ-компании во 2024 година.
Мајкл Интратор од „Корвив“ истакнува дека грижите за кружното финансирање ќе избледат кога повеќе компании ќе ја прифатат вештачката интелигенција, бидејќи тие имаат крајни корисници.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...