Јужна Кореја подготвува програма за обезбедување на повеќе од 10 трилиони вони (7,3 милијарди долари) за зајакнување на клучната индустрија за полупроводници во земјата, рече министерот за финансии Чои Санг-мок.
Чои, на состанок со локалните производители на материјали за чипови, делови и опрема завчера рече дека владата разгледува начини да ја финансира програмата за поддршка на индустријата. Меѓу опциите се финансирање од државната Корејска банка за развој или заеднички фонд формиран преку јавно-приватно партнерство. Деталите ќе бидат објавени наскоро, рече Чои, кој е и вицепремиер на нацијата.
Потегот доаѓа откако американската влада изврши притисок врз сојузниците, вклучително и Јужна Кореја, дополнително да ги заострат ограничувањата за пристапот на Кина до технологијата на полупроводници. Американските власти, исто така, сакаат Јужна Кореја да го ограничи протокот на опрема и технологии за производство на врвни логички и мемориски чипови во Кина, објави „Блумберг Нјуз“ (Bloomberg News).
Прочитај повеќе
Италија планира да инвестира околу 10 милијарди евра во чипови
Италија се подготвува да стане еден од најголемите производители на чипови во Европа
28.04.2024
„Хуавеј“ со новите чипови го стигнува „Епл“ на кинескиот пазар
Најновите паметни телефони на „Хуавеј“ имаат надградена верзија на процесори произведени во Кина.
26.04.2024
Кина со фонд за чипови од 27 милијарди долари ќе им се спротивстави на санкциите од САД
Кина е во процес на собирање повеќе од 27 милијарди долари за својот најголем фонд за чипови досега.
08.03.2024
Ветераните на „Епл“ и „Тесла“ ќе ѝ помагаат на Јапонија да направи чипови за ВИ
Компанијата има цел да започне со производство на чипови во 2027 година.
27.02.2024
Јапонија вложува 300 милиони долари во истражување и развој на чипови
Организацијата стара една година беше формирана за да ги собере јапонските истражувачи во области како што се нанотехнологијата
09.02.2024
Јужна Кореја, најголемиот светски производител на мемориски чипови, се стреми кон доминација со инвестирање 470 милијарди долари во полупроводнички „мега кластер“ надвор од Сеул, бидејќи ривалството меѓу САД и Кина ги комплицира синџирите на снабдување. За поддршка на планот, владата предложи мерки, вклучувајќи даночни олеснувања за инвестициите.