Италијанскиот државен железнички оператор „Феровие дело Стато Италијане СпА“ (Ferrovie dello Stato Italiane SpA) изјави дека можеби ќе го тестира „Старлинк“ на Илон Маск за идни проекти.
„Можни експерименти“ што може да вклучуваат „сателити на ‘Старлинк’ за проекти од компаниите на групацијата се оценуваат и анализираат“, изјави претставник на „Феровие“ вчера во Рим.
Коментарот на железницата дојде откако вицепремиерот Матео Салвини претходно истиот ден изјави дека „Феровие“ го оценува „Старлинк“ и друг, неименуван провајдер на услуги како можни добавувачи на интернет во своите возови.
Прочитај повеќе

До 2027 година Кина ќе има мрежа на „сребрени возови“, со комплет услуги за постари лица
Кина ќе отвори мрежа на туристички возови опремени со медицински и установи за нега на стари лица, со што во следната деценија ќе ја поттикне економијата со четири трилиони долари.
11.02.2025

Тргнува возот Скопје-Куманово, наскоро возови уште до пет града
Во следниот период треба да почнат да сообраќаат возови од Скопје до Тетово, Гостивар, Штип и до Кочани, како и целосно да се врати линијата до Кичево.
05.02.2025
„ФС Групацијата инвестира во проекти за подобрување на поврзаноста во возовите и има за цел да го подобри целокупното искуство при патување со воз“, се вели во соопштението. „Меѓу добавувачите на кои групацијата им ја доверува Wi-Fi услугата во возовите е компанијата ‘Икомера’ (Icomera), која го интегрираше ‘Старлинк’ во своите системи“.