„Епл Инк.“ (Apple Inc.) подготвува втора-генерација „ајфон ер“ („iPhone Air“) за пролетта 2027 година, со цел да ја поттикне привлечноста на истенчениот уред, според луѓе со знаење на темата.
Сегашните прототипи на новиот модел, со кодно име В62, имаат додадено втора задна камера за фотографирање со ултраширок агол, нагласија луѓето, кои замолија да не бидат идентификувани бидејќи производот се уште не е објавен. Они споделија дека „Епл“ е моментално во фаза на напредно тестирање.
Иако уредот го задржува сегашниот изглед, „Епл“ исто така работи на подобрување на траењето на батеријата, според луѓето. Не е јасно дали тоа ќе биде резултат на поголема батерија, која може да е непрактична за компактната кутија на „ер“, или придобивки од ефикасноста.
Прочитај повеќе
Новиот оперативен систем на „Епл“ го навестува првиот ајфон на преклопување
Телефонот би можел да дебитира заедно со серијата ајфон 18 про.
09.06.2026
„Епл“ ја претстави новата вештачка интелигенција, Сири добива напредни функции
Новитетите беа претставени за време на годишната конференција за програмери Worldwide Developers Conference (WWDC).
08.06.2026
Најголем ремонт во историјата - еве како ќе изгледа новата Сири
Производителот на ајфони сака да се врати во областа на дигиталните асистенти и вештачката интелигенција.
31.05.2026
„Ер“ моделот, првпат објавен во септември 2025 година, е дел од напорите за проширување на ајфон бизнисот на „Епл“, вреден 210 милијарди долари, со нови дизајни. Компанијата планира да го претстави својот прв смартфон на преклопување подоцна оваа година и развива јубилеен 20-ти „ајфон“ за 2027 година со заоблен екран кој се обвиткува околу рабовите на уредот, објави „Блумберг Њуз“ („Bloomberg News“).
Објавувањето на „ер“ моделот на пролет би значело дека поминува приближно година и половина помеѓу првата и втората генерација. Сепак, временската рамка и спецификациите на производот би можеле да се променат. Портпаролот на „Епл“ со седиште во Купертино, Калифорнија, одби да коментира.
Како дел од промените, „Епл“ го менува распоредот на објавување. Компанијата вообичаено ги открива сите свои главни ајфон модели во исто време во септември. Но, оваа година, есенската постава ќе се состои само од модели од повисока класа: „ајфон 18 про“, „про макс“ и новата верзија на преклопување.
„Епл“ потоа планира да претстави нов стандарден „ајфон -18“ со освежениот „ер“ околу шест месеци подоцна. Две верзии на 20-годишнината на „ајфон“ ќе дебитираат таа есен, заедно со втората генерација на преклопливиот, објави „Блумберг Њуз“ претходно оваа недела.
Ажурираниот „ер“ ќе се напојува со верзија на процесорот „A20 Про“, истиот чип што доаѓа кај „ајфоните“ оваа есен.
„Епл“ ги гледа системот на камера и траењето на батеријата како две од најголемите можности за подобрување на „ер“ моделот. Ограничените способности на сегашната камера со една леќа предизвикаа најмногу поплаки од клиентите, според луѓето.
Постоечкиот модел од 999 долари се одликува со еден од најтенките дизајни во индустријата за смартфони, но тој тенок профил доаѓа со компромиси, што го прави потешко да се приспособи на технологијата што се наоѓа во „Про“ моделите на „Епл“.
Сепак, „ер“ служи за корисна цел во продукт-линијата на „Епл“. Не сите клиенти ги сакаат карактеристиките и можностите на „Про“ моделот, но можеби бараат нешто преносливо со привлечен дизајн. Новиот главен извршен директор Џон Тернус рече дека „ер“ помага да се разликуваат понудите на компанијата.
Напорите на „Епл“ да понуди различни големини на „ајфони“ не секогаш одеа без проблеми. Претходно продаваше „мини“ и „плус“ модели кои не се продадоа толку успешно. Иако „ер“ се изведува подобро од претходниците, тој сè уште не се појави како еден од ајфоните со најголем продажен волумен. Тоа е една од причините поради кои на компанијата може да и треба малку подолго да ја претстави верзијата од втората генерација.
Новиот пристап на „Епл“ кон изданијата на „ајфон“, исто така, ќе и овозможи на компанијата да ги шири приходите порамномерно низ календарот. И тоа треба да му помогне на „Епл“ подобро да се натпреварува со ривалите како што е „Самсунг Електроникс Ко.“ („Samsung Electronics Co.“), која воведува големи нови смартфони на повеќе точки во текот на годината.