text size
„Гугл“ (Google) на компанијата „Алфабет“ (Alphabet Inc) го подготвува за старт својот конкурент на ЧетГПТ (ChatGPT). Од компанијата денеска соопштија дека нивната нова услуга за разговорна вештачка интелигенција, наречена Бард (Bard), ќе биде отворена за доверливи тестери и дека ја подготвуваат услугата за јавноста веќе во наредните недели.