text size
Најновото електрично возило на Киа (Kia Corp.) е малото „Реј“ (Ray), со седиште за само едно лице во неговата најмала конфигурација и цена која е повеќе од конкуретна во Јужна Кореја. Со почетна цена од околу 20.000 долари, „Реј“ е најевтиното патничко возило со батерии на „Киа“. Тоа е, исто така, најнова понуда во растечката ценовна војна за електричните возила во Јужна Кореја, каде што стартапите и онлајн купувањето обезбедуваат уште поевтини опции.