Компанијата за вештачка интелигенција Опен-еј-ај (OpenAI) утре ќе објави новини за нејзините производи преку пренос во живо, соопшти компанијата, поттикнувајќи шпекулации за следниот голем чекор на гигантот за вештачка интелигенција.
Компанијата додаде дека на овој настан нема да лансира нов производ за пребарување. Стартапот работеше на функција со која ќе му се спротивстави на Перплексити (Perplexity), стартапот за пребарување на „Гугл“ односно „Алфабет“ базиран на вештачка интелигенција.
Наместо тоа, „Опен еј-ај“ на овој настан ќе се фокусира на ажурирањето на неговиот популарен четбот ЧетГПТ и неговиот модел со вештачка интелигенција ГПТ-4. Помина повеќе од една година откако компанијата го промовира ГПТ-4, нејзиниот последен предводник на овој модел, а новата верзија е широко очекувана во светот на технологијата. Сепак, компанијата рече дека на овој настан нема да го лансира ГПТ-5, за кој се очекува да биде значително помоќен.
Прочитај повеќе
„Епл“ блиску до договор со кој ќе го стави ЧетГПТ на ајфон
„Епл“ планира да го разбранува светот на вештачката интелигенција во јуни, кога ќе ја одржи својата годишна Светска конференција за програмери.
12.05.2024
Какви се новите правила на ЕУ за вештачката интелигенција?
Откриен првиот клучен дел од првата сеопфатна регулатива за вештачка интелигенција во светот.
11.12.2023
Музиката на видео игрите ќе биде погодена од вештачката интелигенција
Вештачката интелигенција е подготвена да го револуционизира производството на музика за видео игри
09.12.2023
Во објава на X во петокот, главниот извршен директор Сем Алтман рече: „Не ГПТ-5, не пребарувач, но напорно работевме на некои нови работи што мислиме дека луѓето ќе ги сакаат! Мене ми ми изгледа како магија“.