Компании

Конечно започнува вселенската трка што му е потребна на светот

Извор: Adam Minter/Bloomberg

26. Јули 2022, 10:33

Конечно започнува вселенската трка што му е потребна на светот

Bloomberg

Илон Маск веројатно зеде здраво за готово дека неговата компанија за истражување на вселената ќе ја лансира и спушти првата приватна вселенска мисија на Марс. Меѓутоа, ако тој мислеше дека „Спејсекс“ (SpaceX) го окупира пазарот, веќе не го прави тоа.

Неделава, две вселенски стартапа објавија смел план да испратат мисија на Марс кон крајот на 2024 година. Техничките пречки за тоа се обемни. Но, дури и ако мисијата не успее, ќе создаде нешто важно и трајно: вселенска трка меѓу приватни компании, а не национални држави.

Приватните компании отсекогаш имале улога во истражувањето на вселената, вклучително и во слетувањата на Месечината на „Аполо“, а подоцна доминираа во дизајнот и работењето на комуникациските и другите видови комерцијални сателити.

Но, истражувањето главно остана активност што богатите земји ја спроведуваат заради престиж, слава и воена предност, а не заради профит.

Проблемот е што истражувањето и науката понекогаш се премногу тешки и скапи за да се оправдаат единствено со потрагата по слава. Во поголемиот дел од вселенската ера, Марс беше таква дестинација, при што половина од сите мисии на крајот не успејаа во намерите да слетаат или орбитира на него и неговите месечини.

Во раните 2000-ти, Маск славно почна да се разгранува од пионерските електрични автомобили и почна да ги разгледува плановите на НАСА за испраќање луѓе на Марс. Кога откри дека нема такво нешто, почна да ги поставува темелите за SpaceX. Наведената долгорочна цел на Маск и на оваа компанија е да го направат човештвото „мултипланетарно“.

За да стигнат таму, SpaceX и неговите инженери се обидоа да ги намалат трошоците за одење во вселената со развој на ракетни системи за повеќекратна употреба. Тие успеаја подобро отколку што некој можеше да замисли.

Во 2011 година, килограм товар лансиран на вселенскиот шатл на НАСА чинеше околу 30.000 долари; денес, еден килограм багаж лансиран со ракетата „Фалкон 9“ (Falcon 9) на SpaceX чини околу 1.200 долари. Пониските трошоци не само што го проширија пазарот на услуги за лансирање надвор од опсегот на владите и најголемите корпорации, тие исто така му овозможија на Маск да додаде нијанса на практичност во неговите големи планови за Марс.

Bloomberg
 

Во април 2016 година, SpaceX објави дека планира да испрати вселенско летало без екипаж на површината на Марс до 2018 година. Планот звучеше веродостојно; и ракетата и леталото за слетување беа во напредна фаза на развој (и оттогаш и двете лансирани). Мисијата би била финансирана од SpaceX и Маск, со оперативна и техничка поддршка од НАСА, но без пари.

Планот се покажа како политички и финансиски неодржлив, а Маск го откажа нешто повеќе од една година по првичната објава. На негово место, тој најави нова архитектура на мисијата на Марс, нагласена со развојот на вселенско летало наречено „Старшип“ (Starship), кое SpaceX го опиша како најмоќното лансирачко возило некогаш развиено. Се очекува леталото наскоро да го изврши својот прв орбитален пробен лет, но нема објавено временска рамка за патување надвор од Земјата.

Тоа не значи дека нема надеж за комерцијална мисија на Марс. Во текот на две децении од основањето на SpaceX, глобалниот вселенски сектор прерасна во индустрија од 447 милијарди долари (вредеше 162 милијарди долари во 2005 година), со најмалку 20 компании способни за сателитски и орбитални лансирања. Како што расте бројот на компании, така расте и претприемништвото и експертизата. 

Том Мулер е еден од тие претприемачи. Во 2002 година, тој беше вработен број 1 во SpaceX, а во текот на 18-годишната кариера одигра клучна улога во развојот на мотори и погонски системи за ракетите и вселенските летала на компанијата. По пензионирањето, тој се препушти на својата страст за тркачки автомобили сè до основањето на „Импулс спејс“ (Impulse Space) минатата година. Фирмата е фокусирана на изградба на одржливи погонски системи за преместување на објекти кои веќе се во вселената, од сателити до вселенски отпад.

Bloomberg
 

Токму дрската амбиција направи успешен проект од SpaceX, така што не треба да биде целосно изненадување што Мулер се обидува да го претрка својот поранешен шеф на патот до Марс. Партнер на Impulse Space во потфатот е „Релативити спејс“ (Relativity Space Inc.), 7-годишна компанија која планира да користи 3Д принтери за да направи лансирачки објекти за повеќекратна употреба.

Како и Impulse, Relativity има ДНК на SpaceX; нејзиниот потпретседател за инженерство и производство, Зак Дан, со години работеше под раководството на Мулер. Минатата година, тој му пристапи на Мулер за составување мисија што ќе го привлече вниманието со нејзината нова ракета, која е наменета директно да се натпреварува против SpaceX.

Дали ќе ова ќе работи? Архитектурата на мисијата на Марс ги користи иновативните способности на двете компании, а истовремено се потпира и на НАСА за безбедно влегување во атмосферата на Марс. (НАСА таму слета со ровер минатата година.) Ако напорите успеат, НАСА и другите компании веројатно ќе ја прифатат можноста да платат за превоз во идните мисии.

Тоа е вселенската трка која вреди да се следи и да се поддржува. Владините вселенски програми продолжуваат да ја унапредуваат науката и инженерството ширум светот. Но, иднината на вселенското истражување ќе биде дефинирана преку брзото движење на приватните компании кој се во меѓусебна конкуренција. Трката за прва комерцијална ракета на Марс ја нема истата привлечност како и испраќањето на првиот човек на Месечината. Но, достигнувањето би било исто толку важно за развојот на човештото како мултипланетарен вид. Оттука, нека победи најдобрата ракета.

Сите новости од рубриката Анализа

Алкалоид АД Скопје
Компании

Алкалоид АД Скопје

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

28.06.2022

КОСТАЛ Македонија
Компании

КОСТАЛ Македонија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е една од водечките компании на глобално ниво за производство на електронски и мехатронски компоненти за автомобилската индустриј

27.06.2022

Анализа

сите новости од рубриката Анализа