Регион

Високите цени преку ДДВ ги полнат буџетите во регионот Адриа

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

19. Септември 2022, 07:00

Расходите допрва ќе растат

Ќе забавува личната потрошувачка

Мерките на владите ќе го зголемуваат дефицитот

Високите цени преку ДДВ ги полнат буџетите во регионот Адриа

Bloomberg Mercury

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Забавувањето на личната потрошувачка и мерките што ги преземаат Владите за ублажување на последиците од инфлацијата ќе влијаат на буџетската динамика во земјите од Адриа регионот до крајот на годината.

Аналитичкиот тим на Блумберг Адриа прогнозира во остатокот од 2022 година расположението на потрошувачите да се влошува поради високите цени со што ќе се намалува и личната потрошувачка, а со тоа и буџетските приходи. Владите пак од друга страна, ќе инвестираат повеќе пари во мерки за олеснување на последиците од високите цени на енергенсите што ќе ги зголеми расходите во буџетите на земјите.

Високите цени ги дигнаа приходите од ДДВ на највисоко ниво

Данокот на додадена вредnост ги полни буџетите. Високите цени на горивата и храната придонесуваат сумите собрани по основ на овој данок да се највисоки.

Пример е случајот со Македонија, иако Владата во период од средината на март до крајот на мај се откажа од приходите од ДДВ во износ од пет отсто за основните прехранбени производи, а за горивата данокот го спушти од 18 на 10 отсто, сумата собрана по овој основ, согласно податоците на Министерството за финансии е рекордна, или од лани е повисока за две милијарди денари или над 32,5 милиони евра.

Не само ДДВ, во регионот Адриа во првата половина од 2022 сите даночни приходи растеле. Во случајот со земјава, од старот на 2022 година до јули во буџетот се слеале вкупно 2,2 милијарди евра. Две милијарди од нив се од даноци.

Од трите даночни ставки – персонален данок, данок на добивка и данок на додадена вреност – најмногу пари се собрани по основ на ДДВ – 607 милиони евра или 54,5 отсто од планираните пари за оваа година со ребалансот на буџетот.

Кај данокот на добивка се собрани најмногу пари од планираните за годината – дури 77 отсто или компаниите платиле 167, 5 милиони евра корпоративен данок до јули.

Во регионот Адриа, најголем пораст на приходите од даноци бележи Србија од 18 отсто, следи Македонија во 14, па Словениja со 12 и Хрватска со седум отсто.

Сите клучни даночни приходи покажале раст, посебно ДДВ. Приходите по основ на овој данок во Србија се зголемиле за 25, во БиХ за 22, Македонија за 20 отсто. Во вкупните приходи во Хрватска значаен придонес има и успешната туристичка сезона.

Расходите допрва ќе растат

Минусите во буџетите на земјите од регионот Адриа во текот на оваа година се пониски споредено со претходната. Па така, Словенија за седум месеци од 2022 има буџетски дефицит од 350 милиони евра, што е 82 отсто подобар резултат споредено со истиот период лани. Хрвтска дефицитот до јули го спуштила за 64 отсто на 464 милиони евра. Србија е единствена земја која има суфицит во буџетот од 11,4 милиони евра.

Подобрите фискални резултати не се должат на намаленото трошење на властите туку на зголемените приходи во буџетите. Сите земји собрале повеќе пари, а најголем раст бележи Србија, втора е Македонија со 14 отсто раст на приходите во буџетот. 

Буџетските расходи во земјите од Адриа регионот засега се на нивото од лани, освен во Србија каде има зголемување на расходите од 12 отсто заради покачувањето на платите и социјалните трансфери. Но, состојбата, според аналитичкиот тим на Блумберг Адриа во последниот квартал може да се влоши заради зголемените трошоци што ќе ги имаат Владите соочени со енергетската криза. Хрватскиот буџет ќе биде дополнително оптоварен со трошок од 230 милиони евра заради спорот меѓу МОЛ и ИНА.

За следната година, аналитичкиот тим предвидува поголеми буџетски минуси во петте земји што ќе се должи на слабеењето на економската активност што ќе значи помалку собрани приходи од даноци. Влијание за зголемување на дефицитите ќе имаат и субвенциите кои ќе се исплаќаат за да се ублажат последиците од растот на цените, но и она што е стара болка во регионот – недостигот на квалитетни реформи во јавните финансии.

Во Македонија до јули буџетскиот дефицит изнесува само 23 отсто од планираниот или 167, 6 милиони евра. Но, до крајот на годината, државата ќе го зголеми трошењето и минусот ќе достигне над 695 милиони евра. Оваа сума изнесува 5,3 отсто од БДП, но е пониска од лани.

Со Фискалната стратегија 2023-2027 година, предвидена е етапна фискална консолидација, со намален буџетски дефицит како процентуално учество во БДП и тоа од: 4,2 отсто во 2023 година, 3,6 проценти во 2024 година, 3,2 отсто во 2025 година, 3 проценти во 2026 година и 2,8 отсто во 2027 година.

Тексот е напишан во соработка со Игор Илиќ, Блумберг Адриа Хрвтска

 

 

 

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 1 час

Сите новости од рубриката Анализа

Алкалоид АД Скопје
Компании

Алкалоид АД Скопје

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

28.06.2022

КОСТАЛ Македонија
Компании

КОСТАЛ Македонија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е една од водечките компании на глобално ниво за производство на електронски и мехатронски компоненти за автомобилската индустриј

27.06.2022

Анализа

сите новости од рубриката Анализа