text size
Измешана е сликата во трговијата на мало во регионот Адрија на почетокот на 2023 година, при што малопродажбата во Босна и Херцеговина и Македонија сè уште расте, во Хрватска стагнира, а во Словенија и Србија опаѓа, констатираат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа за овој сектор објавена на „Блумберг Адрија инсајт“. Нашите аналитичари сметаат дека економското забавување и влошувањето на расположението на потрошувачите се двата главни фактора што влијаеле на намалување на темпото во трговијата на мало во првото тримесечје од годинава. Тие додаваат дека, од друга страна, постојаниот раст на расположливите средства за трошење што произлегуваат од позитивните движења на пазарот на трудот (многу слободни работни места и недостиг од кадар) ја поддржуваат потрошувачката и запираат уште поголем пад во трговијата на мало.