text size
Регионот Адрија беше успешен во привлекувањето странски директни инвестиции (СДИ) во изминативе години со речиси 10 милијарди евра во 2023 година, што е двојно повеќе во споредба со годишниот просек од десетгодишниот период пред пандемијата, констатираат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа објавена на „Блумберг Адрија инсајт“. Според нив, поволната географска положба во Европа, потенцијалот за развој заснован на достапноста на работната сила, зголемената глобализација и ниршорингот (од англиски: nearshoring – реалоцирање на бизнисот во друга земја) се главните фактори зад силните странски инвестиции. Нашиот аналитички тим во оваа анализа навлегува во динамиката на инвестициите, спецификите на земјите од регионот и потенцијалот за понатамошни приливи.