Регион

Прашање е на време: Кризата неминовно ќе ја зголеми невработеноста

Извор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова, Ана Ристовиќ

29. Август 2022, 07:00

Платите ќе се намалуваат, бројот на вработени ќе паѓа

Во сите земји реално платите се намалуваат, номинално растат

Македонија во последните две години има најбрз раст на платите во регионот Адриа

Прашање е на време: Кризата неминовно ќе ја зголеми невработеноста

Depositphotos

Слабеењето на економската активност и се поизгледната рецесија во услови на висока инфлација се реалност за многу економии, но и за економиите во Адриа региониот. Широки се последиците од новата економска криза, но како тоа ќе се одрази на пазарот на трудот кој засега останува релативно стабилен? Ги анлизираме околностите во овој регион. Аналитичкиот тим на Bloomberg Adria смета дека фундаменталните параметри на пазарот на труд за во иднина се негативни, а клучни причини се слабеењето на стопанската активност – како локално, така и во странство. Тоа, прогнозираат нашите анлитичари ќе придонесе за намалување на платите и пад на бројот на вработени.

Актуелна состојба

Во Македонија веќе е видлив стравот кај работодавачите кои се во паника пред претстојната зима, а експертите очекуваат намалување на економската активност која во земјава веќе започна уште во вториот квартал на годината.Соочени со најтешкиот предизвик досега – енергетската криза, која ги дигна цените на струјата на рекордни нивоа ( фјучерсите за декември и јануари стигнуваат и до 1000 евра за мегават час), работодавачите бараат итна интервенција од државата за да не мора да го намалуваат производството, а со тоа и бројот на вработени.

Ништо подобри не се ни прогнозите за регионот Адриа. Темпото на вработување опаѓа, а намалувањето на економската акативност ќе придонесе за раст на невработеноста и намалување на платите. Платите пак, во моментов во сите земји номинално растат, но високата инфлација ги „јаде“ примањата и реално приходите на домаќинствата се намалуваат.

Плати – Македонија со најбрз растот во регионот

Номинално, платите во Македонија растат најбрзо споредено со сите земји во регионот. Заради интервенциите на Владата во Законот за минимална плата, најпрво расте минималната, а потоа и просечната плата. Во март годинава, минималната плата од 15.200 порасна на 18.000 денари, од тогаш забрзано расте и просечната плата и во јуни таа достигна до рекордни 31.869 денари.

Номинално, растат платите во сите земји од регионот Адриа и тој раст е значителен во првиот квартал од оваа година. Гледано во поширок временски контекст, седум години наназад, платите најбрзо растеле во Хрватска, Србија и БиХ, на Македонија го презема водството во последните две години. Во Словенија растот на платите полека забавува.

Освен заради владините политики, платите во земјава растат и заради силниот недостиг на работници. Иселувањето придонесе некои профили целосно да исчезнат од пазарот на труд (келнери, занаетчии и сите видови квалификувани работници). Тоа повлече зголемување на платите на тие што останаа во земјата, па оттука растот на просечната плата во угостителскиот сектор на годишно ниво надмина 20 отсто.

Растот на платите секако, се должи и на опоравувањето на стопанските дејности по корона пандемијата. Но, аналитичкиот тим на Блумберг Адриа забележува дека се зголемува и преговарачката моќ на работната сила која се случи по ковид пандемијата.

Вработување – Хрватска е лидер во регионот

Меѓугодишната стапка на раст на бројот на вработени забележува едноцифрени скокови во целиот регион Адриа, и во последно време  е на највисоко ниво во последните 10 години.

„Ова го одразува континуираното структурно јакнење на локалните економии како и ефектите на прелевање во поглед на подобрувањето на странската побарувачка, како дел од поширкото економско опоравување од ефектите на ковид. Хрватска во вториот квартал го надмина остатокот од регионот благодарение на силниот почеток на туристичката сезона и со тоа и ангажирањето на работната сила“, објаснуваат аналитичарите на Блумберг Адриа.

Како резултат на ваквите трендови, стапките на невработеност во регионот се на историски минимум, а во Македонија во првиот квартал од оваа година таа изнесува 14,8 отсто.

 

 

Огласи за вработување

Откако нагло се зголеми во 2021, бројот на отворените работи места и натаму се зголемува во однос на истиот период лани, но со побавно темпо.

Тоа значи дека вработувањето во корпоративниот сектор слабее. Образложението е дека компаниите веќе го исполниле потенцијалот за примање нови работници или ги влошиле прогнозите за идната економска активност, па го ограничуваат вработувањето.

Заклучно со првиот квартал во земјава имало 8.729 слободни работни места. Според податоците на заводот за статситика, и од истиот период лани до март 2022 нема поголеми варијации.

Изгледи од анлитичкиот тим на Bloomberg Adria

„Сепак, со оглед на тоа дека предвидуваме дека позначително слабеење на економската активност ќе има дури во последниот квартал од 2022 година и дека постои доцнење на намалување на работната сила во однос на економската активност од најмалку два квартали, очекуваме зголемување на стапката на невработеност дури во 2023 година“, стои во извештајот на аналитичкиот тим на нашиот медиум.

Влошувањето на расположението во корпоративниот сектор е директно поврзано со негативните импликации на инфлацијата врз потрошувачката активност како и на корпоративните инвестиции на кои влијаат несигурностите поврзани со енергенсите и глобалните геополитички грижи.

„Идните импликации за потрошувачката на домаќинствата се исто така негативни – по силната потрошувачка за време на туристичката сезона, очекуваме побавен раст на потрошувачката подоцна во 2022 година и натамошно слабеење во 2023 година имајќи ги во предвид гореспоменатите очекувања за слабеењето на пазарот на труд“, се заклучува во извештајот на нашиот тим.

 

 

 

 

Сите новости од рубриката Анализа

Алкалоид АД Скопје
Компании

Алкалоид АД Скопје

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

28.06.2022

КОСТАЛ Македонија
Компании

КОСТАЛ Македонија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е една од водечките компании на глобално ниво за производство на електронски и мехатронски компоненти за автомобилската индустриј

27.06.2022

Анализа

сите новости од рубриката Анализа