text size
Просечната возраст на која младите го напуштиле домот на родителите во ЕУ лани била 26,5 години, покажува најновото истражување на „Евростат“. Овој просек многу варира меѓу земјите-членки на ЕУ. Младите од Португалија, Хрватска, Словачка, Грција и Бугарија најдоцна го напуштаат домот на родителите, на 30 или повеќе години. Младите луѓе во Србија, исто така, го напуштиле домаќинството на родителите во просек на возраст постара од 30 години. Спротивно на тоа, во Естонија, Данска, Финска и Шведска младите „бегаат“ од дома на 23 години или помалку.