text size
Вкупните депозити во октомври, годинава бележат месечен раст од 0,4 проценти, којшто во услови на пад на депозитите на корпоративниот сектор во целост се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. На годишна основа, вкупните депозити се зголемени за 4,3 проценти, во поголем дел како резултат на растот на депозитите на „домаќинствата“.