text size
Инфлацијата во Македонија ќе почне да се намалува во третиот, особено во четвртиот квартал од годината, вели во изјава за Bloomberg Adria TV, универзитетскиот професор и член на Советот на НБРМ, Борче Треновски. Според него, во наредниот период Владата треба да придонесе со свои мерки за зауздување на растот на цените.