„ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.) продолжува да се дистанцира меѓу себе и клучните конкуренти. Во првата половина од годината, пазарната вредност на банката ја надмина онаа на нејзините три најголеми конкуренти – „Банка на Америка“ (BofA), „Ситигруп“ (Citigroup) и „Велс Фарго“ (Wells Fargo) - заедно. Во тој период оствари профит од 30 милијарди долари, повеќе од двојно поголем од најблискиот конкурент, и го прошири своето водство пред „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.) и „Морган Стенли“ (Morgan Stanley) во приходите од инвестициско банкарство.
Во последниве години, „Велс Фарго“ беше заглавена со ограничени средства, „Ситигруп“ беше во процес на болна реконструкција, а „Банка на Америка“ беше повлечена надолу поради куп обврзници со низок принос купени пред да се зголемат каматните стапки. Во меѓувреме, „ЏП Морган“ ја купи „Фрст Рипаблик Бенк“ (First Republic Bank) поевтино и сега е најголемата американска банка со еден трилион долари средства, претворајќи го она што некогаш беше конкурентен врв во индустријата во категорија на една фирма.
Сепак, главниот извршен директор Џејми Дајмон гледа повеќе закани од кога било.
Прочитај повеќе

Дајмон: Рецесија во САД сè уште е можна поради царинските тензии
Иако САД и Кина неодамна направија чекор кон ублажување на трговските тензии, извршниот директор на „ЏП Морган“ ги повикува инвеститорите да бидат претпазливи.
16.05.2025

„ЏП Морган“ ќарува од хаосот што го прави Трамп
Трговците со акции на „ЏП Морган“ постигнаа рекордни приходи за својата банка во првиот квартал.
11.04.2025

„ЏП Морган“ собори рекорд, па директорот доби плата од 39 милиони долари
Во 2024-та најголемата американска банка го надмина сопствениот рекорд за највисока годишна добивка во историјата на американското банкарство.
24.01.2025

Директорот на „ЏП Морган“ ја организира најраскошната забава во Давос
Музејот „Кирхнер“ во Давос во средата вечер беше најпознат како местото каде што Џејми Дајмон организира голема забава.
23.01.2025
„Сите наши главни банкарски конкуренти повторно растат и се шират, имате луѓе од финтек кои се доста способни и доста паметни кои сакаат да земат големи делови од вашиот бизнис“, рече Дајмон во вторникот на повикот за приходите на фирмата. „Доста сме претпазливи во однос на прогласувањето победа, како некако да имаме право на овие приноси засекогаш.“
Jamie Dimon/Bloomberg
Всушност, дел од неодамнешната динамика може да се менува. Исечзнува ограничувањето на средствата на „Велс Фарго“, „Ситигруп“ објави највисок квартален приход за повеќе од една деценија, а „Голдман“ го прошири своето водство во тргувањето со акции. Прифаќањето на индустријата за криптовалути од страна на администрацијата на Трамп им даде живот на некои почетници.
„Не знам зошто би сакале стејблкоин, наместо само плаќање“, рече Дајмон. „Но, мислам дека имате финтек и овие момци се многу паметни. Тие се обидуваат да најдат начин да креираат банкарски сметки и да влезат во платните системи и програмите за награди, и ние мора да бидеме свесни за тоа.“
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...