text size
Шесте друштва што управуваат со инвестициски фондови во Македонија лани имале вкупни приходи за 39,2 отсто поголеми во однос на оние од 2024 година, односно 602,9 милиони денари (околу 9,8 милиони евра). Речиси 91 отсто од приходите се од управување, влезен и излезен надоместок и други приходи. Околу 6,5 отсто се приходи од управување со портфолио, а три отсто се други приходи (инвестициско советување, нето-приходи од камата итн.).