„Антропик“ (Anthropic PBC) е во рана фаза на разговори со инвеститори за обезбедување најмалку 30 милијарди долари ново финансирање, велат извори запознаени со ситуацијата, со што се отвора пат за најголемата инвестициска рунда во историјата на компанијата.
Компанијата, позната по четботот Клод (Claude), разговара за обезбедување нов капитал при вреднување од над 900 милијарди долари, без да се смета самата инвестиција, велат изворите, кои побарале да останат анонимни бидејќи информациите се доверливи. Се очекува рундата да биде затворена најрано до крајот на овој месец, изјавило едно од лицата. Договорот сè уште не е финализиран и не е потпишан договор.
Новите разговори, за кои досега не беше објавено, доаѓаат во момент кога „Антропик“ ги интензивира напорите за собирање капитал поради огромниот успех на неговиот ВИ-софтвер. „Антропик“, за кој „Блумберг“ претходно објави дека размислува за иницијална јавна понуда уште во октомври, мора да обезбеди договори за финансирање доволно компјутерска инфраструктура за да одговори на зголемената побарувачка за неговите производи.
Прочитај повеќе
Идејата дека Клод има емоции е одлична за „Антропик“
Ричард Докинс верува дека големиот јазичен модел Клод е свесен откако разговарал со него три дена и бил импресиониран од неговите суптилни и интелигентни одговори.
12.05.2026
„Антропик“ претстави ВИ-агенти за извршување задачи за финансиски услуги
Агентите можат да изготвуваат шеми за состаноци, да ги прегледуваат финансиските извештаи и да ги ескалираат случаите за преглед на усогласеноста.
06.05.2026
Најголем ризик не се хакерите, туку она што го користат вашите вработени
Додека светот го чека Митос на „Антропик“, нападите веќе се случуваат преку алатките што вработените ги поврзуваат со деловните налози секој ден, без знаење на компанијата.
29.04.2026
„Гугл“ планира да инвестира до 40 милијарди долари во „Антропик“
„Антропик“ добива нов капитал од „Гугл“ и пристап до огромна компјутерска моќ, иако двете компании се борат за лидерство во вештачката интелигенција.
26.04.2026
Зошто моделот Митос на „Антропик“ предизвикува загриженост низ цел свет?
„Антропик“ изјави дека неговата нова алатка за вештачка интелигенција (ВИ), Митос, е премногу моќна за да биде објавена за општа употреба.
23.04.2026
„Амазон“ ќе инвестира дополнителни 5 милијарди долари во „Антропик“
Новата инвестиција на „Амазон“ во „Антропик“ ја продлабочува трката меѓу технолошките гиганти во вештачката интелигенција.
21.04.2026
Пристапот до „Митос“ мора да се дозволи под рамноправни услови, вели Нагел
Моделот „Митос“ на „Антропик“ предизвика глобални стравувања од нова ера на сајбер-напади.
21.04.2026
Од „Антропик“ одбија да дадат коментар.
„Антропик“ претходно размислувал дали да започне инвестициска рунда при вреднување повисоко од 900 милијарди долари, откако во последните недели добил неколку понуди од инвеститори, објави „Блумберг њуз“. Компанијата во меѓувреме разговарала и со постојните инвеститори за нивно учество во новата рунда, велат лицата.
„Антропик“ неодамна со технолошки гиганти обезбеди два големи договора за финансирање, иако не е јасно дали тие компании ќе учествуваат и во претстојната инвестициска рунда.
„Гугл“ (Google) се обврза да инвестира 10 милијарди долари во „Антропик“ при вреднување од 350 милијарди долари, истото вреднување што компанијата го имаше и во инвестициската рунда од 30 милијарди долари во февруари. Компанијата во сопственост на „Алфабет“ (Alphabet Inc.) планира да инвестира дополнителни 30 милијарди долари доколку стартапот постигне одредени цели. „Амазон“ (Amazon.com Inc.) исто така инвестира 5 милијарди долари во „Антропик“ при вреднување од 350 милијарди долари, со план постепено да вложи уште 20 милијарди долари.
Основан во 2021 година од група поранешни вработени во „Опен еј-ај“ (OpenAI), „Антропик“ се наметна како еден од лидерите во секторот за вештачка интелигенција. Компанијата разви серија ВИ -алатки наменети за трансформација на начинот на кој бизнисите ги извршуваат задачите, од програмирање до сајбер-безбедност.