Американските и европските воздухопловни безбедносни агенции почнаа истрага за причините за инцидентот што за малку ќе завршеше катастрофално на лет на „Рајанер“ (Ryanair Holdings Plc) од Грција кон Германија, при кој се скршил еден од прозорците, заканувајќи се да повлече патник што седел до него.
Европската агенција за воздухопловна безбедност - ЕАСА (EASA) соопшти во понеделникот дека е во контакт со американската Федерална управа за воздухопловство - ФАА (FAA) во врска со авионот на „Боинг“ (Boeing Co.), опремен со мотори на „ЦФМ интернешнел“ (CFM International Inc.), и дека назначила технички советник што ќе учествува во истрагата.
Авионот „боинг 737“, со кој управувала „Малта ер“ (Malta Air), подружница на „Рајанер“, во петокот принудно слетал откако кратко по полетувањето од Солун се откачил еден од прозорците во патничката кабина. Постои сомнеж дека инцидентот бил предизвикан од низа настани започнати со дефект на моторот, поради кој дел од турбината удрил во прозорецот.
Прочитај повеќе
„Рајанер“ со предупредување за нов раст на трошоците
Скапото гориво ја тресе авиоиндустријата.
18.05.2026
Директорот на „Рајанер“ е „сè помалку загрижен“ дека Европа ќе остане без гориво за авиони
Снабдувањето со гориво се зајакна во последните три недели, а производството од САД, Северна Африка и Норвешка го надоместува недостатокот на количини што доаѓаат од Блискиот Исток.
28.04.2026
„Рајанер“ по расправијата со Илон Маск: Вај-фај во авионите сè уште не е опција
По расправијата со Илон Маск за Старлинк, „Рајанер“ порача дека вај-фај во авионите сè уште нема економска оправданост за патниците.
26.01.2026
Италија го казни „Рајанер“ со 255 милиони евра за монополско однесување
Нискобуџетната авиокомпанија намерно ги спречувала туристичките агенции да купуваат летови на нејзината интернет-страница.
23.12.2025
„Рајанер“ најави дека следното лето ќе укине многу летови до Германија
„Рајанер“ идното лето нема да лета до германските градови Дортмунд, Дрезден и Лајпциг и ќе повлече поголем дел од летовите до Хамбург.
10.10.2024
Еден патник бил делумно извлечен низ скршениот прозорец, но бил задржан благодарение на сигурносниот појас и помошта од другите патници, објави грчката новинска агенција АНА (Athens News Agency).
„Внимателно ќе ја следиме ситуацијата како што ќе се појавуваат нови информации и ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да ја обезбедиме воздухопловната исправност на авионот и безбедноста на летањето“, изјави портпарол на ЕАСА.
ФАА не одговори веднаш на барањето за коментар. Портпарол на „Рајанер“ не даде дополнителен коментар освен соопштението објавено во петокот, во кое нискобуџетната авиокомпанија наведе дека на еден патник му била укажана лекарска помош по слетувањето, откако се откачил прозорецот.
На непотврдена видеоснимка објавена на интернет се гледа дека облогата на млазниот мотор е сериозно оштетена на повеќе места, со голема дупка во куќиштето на моторот, недостига најмалку една лопатка на вентилаторот, а другите се оштетени.
Државниот радиодифузен сервис ЕРТ објави дека дел од моторот се откачил, удрил во трупот на авионот и го скршил прозорецот.