text size
Трката за преземање на австриската банка „Адико“ влегува во најнапнатата фаза. Австриската „Рајфајзен банк интернешнл“ - РБИ (Raiffeisen Bank International - RBI) соопшти дека заклучно со 20 јули примила изјави за прифаќање на понудата за вкупно 10.703.509 акции, што претставува 55,5 отсто од акциите на „Адико“ што се предмет на понудата. Со тоа, понудата на РБИ го надмина минималниот праг на успешност поставен на 55 отсто.