text size
Најголемиот неделен пораст на „Тесла“ (Tesla Inc) од 2013 година им нуди на инвеститорите трошка надеж дека најлошото конечно можеби завршило за производителот на електрични возила на Илон Маск по катастрофалната 2022 година. Акциите на оваа компанија пораснаа за 33 проценти оваа недела, најмногу по порастот од 41 отсто, остварен во мај 2013 година. Само вчера акциите скокнаа дури за 11,5 проценти, на 178,70 долари, највисоко од 9 декември.