text size
Oсигурениците наплатиле близу 16 милиони денари за три месеци од оваа година од осигурителните компании. Вредноста на сите исплатените штети за неживотно осигурување во периодот јануари – март годинава е за 6 отсто повисока во однос на истиот период лани. Исплатени се 23.000 штети од страна на единаесет осигурителни компании што е пораст од 30 отсто споредено со првиот квартал лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).