text size
Државната компанија во која Владата е единствен акционер, Државна лотарија планира годинава да купи ВЛТ апарати вредни дури 725,7 милиони денари (11,8 милиони евра). Ова стои во финансискиот план на друштвото кој е објавен на нивната интернет страница. Подолу во планот нема детали какви перформанси ќе имаат овие апарати. Ако се реализира оваа набавка ќе биде една од најголемите на друшвото, а согласно планот оваа компанија годинава планира, освен за опрема, да вложи и во нов простор односно да купи нови канцеларии за работа. Од крајот на минатата година, Државаната лотарија ја зголеми цената на една лото комбинација која сега чини 30 денари, со образложение дека ќе се зголеми гарантираниот фонд за седум погодоци од седум на 10 милиони денари. Набрзо потоа падна седумка вредна 535.000 евра. Финансискиот изверштај за минатата година сега, се уште не е готов па нема детали колку луѓе уплатиле и играле игри во 2022 година. Ако се суди по ланскиот план проекциите се слични како и за годинава, освен што набавката на „скапите“ ВЛТ апарати не се повторува.