text size
Стопанска банка ја заврши 2022 година со нето-добивка пред оданочување од 42,6 милиони евра, информираат од банката. Притоа, растот во делот на кредитирање е 10 отсто, а депозитите пораснале за пет проценти споредено со 2021 година. Постигнатите резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост, што го зацврстува статусот на Стопанска банка како лидер во пазарното учество во земјата, пишува во соопштението од банката.