text size
„Стопанска банка“ од Скопје во првата половина од годината оствари добивка пред оданочување од 1.408.503 илјади денари (22,3 милиони евра) што е за 30 отсто помалку во однос на истиот период од 2025 година.
„Банката во анализираниот период работеше согласно усвоениот план за 2026 година и продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност. Добивката пред оданочување во анализираниот период изнесува 1.408.503 илјади денари, и во однос на истиот период од минатата година е пониска за 30 отсто, првенствено како резултат на регулаторните и пазарните услови, односно глобално намалените каматни стапки и каматни приходи, провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и еднократно наплатените приходи во текот на 2025 година по основ на отпишани побарувања. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката, која на 30.06.2026 година изнесува 159.034.708 илјади денари“, стои во образложението на финансиските резултати за првата половина од годината.
Банката во овој период бележи пад на нето приходите од камати, од провизии и курсни разлики.
Прочитај повеќе
Значителен пад на добивката на „Стопанска банка“
Банката во првите три месеци од годинава оствари добивка од околу 11 милиони евра.
30.04.2026
Глобалниот данок ја нагризува добивката на скопската „Стопанска банка“
Добивката пред оданочување е зголемена за два отсто
30.07.2025
Нето-приходите од камати се намалени за 13 отсто во однос на истиот период од минатата година, како резултат на трендот на намалување на каматните стапки поради промените во референтните каматни стапки и соодветното прилагодување согласно конкурентните движења.
Нето-приходите од провизии и надоместоци се намалени за 7 отсто во однос на анализираниот период од 2025 година, пред сè, како резултат на намалените тарифни ставки од провизиите во сегментот на платниот промет и картичното работење и истовремено зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси.
Нето-приходите од курсни разлики се намалени за 10 отсто во однос на анализираниот период од минатата година, пред сè, поради намалените маргини, како и поради намалената количина за продажба која компаниите ја нудат на банките за продажба и истата ја чуваат за сопствени обврски.
Останатите приходи од дејноста изнесуваат 147.538 илјади денари, соопшти банката.