text size
Компаниите во технолошко-индустриските развојни зони во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Споредено со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 отсто, односно е за 9 отсто повисок од 2021, и за 45 отсто и 15 отсто повисок споредено со 2020 односно 2019 година.