text size
Линкдин (LinkedIn), социјалната платформа во сопственост на „Мајкрософт“, планира да ја затвори својата апликација во Кина и да укине 716 работни места како дел од дополнителното намалување на присуството на американската платформа за професионално вмрежување во втората по големина економија во светот.