text size
Расте бројот на нови ковид случаи заради последните варијанти на Омикрон кои се шират побрзо. Светската здравствена организација предупреди дека за разлика од мај кога дневно во светот биле регистрирани по околу 150.000 новозаразени, сега бројката се искачи на 500.000. Пораст има во сите земји, а најмногу во Португалија, Луксембург, Франција, Грција, Кипар, Германија и Австрија.