Разговараме со Борче Попризов, директор на Секторот за продажба во Еуролинк осигурување, за улогата на овој секторот во компанијата, за новиот продукт „Осигурување при снабдување со електрична енергија“, како и за тоа како вакви решенија може да им помогнат на бизнисите да добијат сигурност и предвидливост во време на енергетски предизвици.
1. Господине Попризов, Вие сте директор на Секторот за продажба во Еуролинк осигурување. Објаснете ни накратко која е улогата на овој сектор, кои се Вашите главни приоритети во раководењето со тимот и кој е пристапот кон клиентите?
Продажбата е срцето на секоја осигурителна компанија, а во Еуролинк осигурување, тоа е сектор што постојано се развива и се приспособува на пазарните услови. Како директор, мојата задача е да обезбедам стратегија што на нашите тимови ќе им овозможи да бидат блиску до клиентите, да ги разбираат нивните потреби и да понудат вистинска вредност. Особено сме горди на нашата посветеност и способност да ја градиме довербата со клиентите и преку иновативни продукти. Оттука, може да кажам дека нашата насока е јасна, целиме кон тоа да бидеме препознаени како осигурителна компанија што долгорочно нуди вредност, сигурност и стабилност за клиентите.
2. Еуролинк осигурување неодамна го претстави својот нов продукт „Осигурување при снабдување со електрична енергија“. Како настана идејата за овој осигурителен производ?
Идејата произлезе од реалните потреби на бизнисите. Сите знаеме дека електричната енергија е еден од најголемите трошоци за правните лица, а во услови на нестабилен пазар, предвидливоста е клучна. Идентификувавме можност со осигурување да обезбедиме гаранција на цената на електрична енергија и на тој начин да им помогнеме на компаниите да имаат финансиска сигурност. ЕДС е првата компанија што ја забележа вредноста на осигурителниот продукт и ја понуди оваа исклучителна поволност на клиентите, односно осигурениците.
3. Што точно добиваат клиентите со оваа полиса и на кој начин им обезбедува сигурност во услови на нестабилен енергетски пазар?
Со ова осигурување, клиентите добиваат гаранција дека ќе плаќаат фиксна цена на електричната енергија. Тоа значи заштита од ценовни флуктуации, намалување на месечните трошоци и можност за подобро и подолгорочно планирање на својот буџет. Во случај да дојде до зголемување на цената на електричната енергија надвор од договорот со снабдувачот, клиентите се стекнуваат со право да бидат обесштетени според покритието на осигурувањето и со тоа добиваат финансиска заштита и стабилност.
Промо
4. Кои се најзначајните придобивки за малите правни лица, како примарна целна група за овој производ?
Како Еуролинк осигурување, ние ја гледаме придобивката за нашите клиенти во дополнителната сигурност, гаранцијата на цената преку посебен осигурителен продукт, што е многу важно и значајно за малиот бизнис што нема големи резерви за покривање неочекувани трошоци. Освен тоа, овие компании може да се фокусираат на раст и развој, наместо на грижа за цените на електричната енергија. Друга придобивка клиентите добиваат од нашиот партнер ЕДС, каде што може да имаат и дополнителна заштеда со цената на електрична енергија, која може да изнесува и до 30 % помалку во однос на тоа што го плаќаат.
5. Какви потенцијали за раст и нови можности гледате за Еуролинк преку овој нов продукт?
Овој продукт ни отвора пристап до нови сегменти на пазарот и нови клиенти, но истовремено ги зајакнува односите со постојните. За Еуролинк осигурување, тоа значи дополнителна премија, проширување на нашата клиентска база и позиционирање како компанија што умее да ги препознае вистинските потреби на бизнисите. За нашите клиенти, пак, тоа значи пристап до сеопфатна и целосна поддршка, не само во оваа класа на осигурување, туку и до целото наше портфолио, од имотно осигурување до специјализирани решенија за компаниите. Со тоа ние не обезбедуваме само финансиска сигурност, туку и повисок стандард, поголем квалитет во секојдневното работење и долгорочно партнерство базирано врз доверба.
6. На крајот, како гледате на иднината на осигурителниот сектор – кои трендови ќе ја обликуваат индустријата во наредните години?
Сметам дека иднината на осигурувањето е во креативни решенија што директно ја адресираат секојдневната реалност на клиентите. Технологијата, дигитализацијата и одржливоста ќе бидат главни двигатели, но верувам дека човечкиот фактор ќе остане незаменлив. Во Еуролинк имаме повеќе од 130 луѓе во Секторот за продажба, кои секојдневно се на терен и во директен контакт со клиентите. Тоа е нашата најголема сила, човечкиот пристап и довербата, дури и во време кога технологијата менува сè околу нас. Нашата цел е да го комбинираме најдоброто од двете: дигитална ефикасност и топла, човечка релација со клиентите.