text size
„Фолксваген“ (Volkswagen AG) во вториот квартал од годинава забележа пониска заработка од очекувањата. Од компанијата за производство на автомобили соопштија дека тоа во најголем дел се должи на повисоките логистички трошоци и засилената конкуренција од Кина. „Фолксваген“ ја намали и проекцијата за бројот на возила што планира да ги испорача годинава. Нето готовинската позиција на компанијата падна за 72 отсто во трите месеци заклучно со јуни.