text size
„Македонски телеком“ во првото полугодие годинава оствари приходи од безмалку 96 милиони евра, што е практично слично како и истиот период од минатата година. Најголем дел се приходите од продажба, кои останале стабилни, додека во овие шест месеци најголемата домашна телекомуникациска компанија успеа да ја зголеми добивката речиси за 30 отсто во однос на лани, до ниво од 16,4 милиони евра.