text size
Петте компании за осигурување живот само за јули годинава им исплатиле 62,4 милиони денари (1 милион евра) на свои осигуреници или на носители на правото за обесштетување, соопштија од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19 отсто повисок од истиот месец минатата година.