Данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“соопшти дека нивниот лек за дијабетес „Оземпик“ во студијата за бубрежна инсуфициенција покажал изненадувачка рана ефикасност, со што акциите на најголемиот светски снабдувач со услуги за дијализа „Фресениус Медикал“ (Fresenius Medical Care AG & Co.) паднаа.
Независен комитет за следење на податоците препорача запирање на студијата откако утврди дека привремената анализа веќе ги исполнила однапред поставените критериуми за ефикасност, објави „Ново“ доцна во вторникот. Данскиот производител на лекови ќе ги добие целосните резултати од студијата откако ќе го заврши процесот на затворање, кој се очекува во првата половина на 2024 година.
Давателот на услуги за дијализа „Фресениус“ загуби дури 24 отсто од врендоста на акциите во Франкфурт, најмногу досега, бришејќи повеќе од 2,5 милијарди евра (2,7 милијарди долари) во пазарна вредност. Акциите на „Ново“ пораснаа за четири отсто. Други акции поврзани со бубрезите, како што е „Да Вита“ или „Бакстер“, паднаа во доцното тргување во САД.
Прочитај повеќе

Што треба да знаете за лековите како „вегови“ кои се користат за губење на тежината
Лековите од оваа категорија се користат речиси 20 години за лекување на пациенти со дијабетес
02.10.2023

Лековите за слабеење може да им заштедат милиони на авиокомпаниите
Колку повеќе тежи авионот, толку повеќе гориво согорува.
30.09.2023

ЕУ испитува можна компликација на анестезија за новите лекови за слабеење
Бидејќи лековите го одложуваат празнењето на желудникот, постои ризик да остане дел од храната
27.09.2023

Лекови за дијабетес што ги има и во Македонија ја вивнаа фармацевтската индустрија
Пазарната капитализација на производителот на лекот надмина 400 милијарди долари.
10.08.2023

Лек за слабеење штити од срцев и мозочен удар
Лекот „вегови“ ги зголеми акциите на данската компанија „Ново Нордиск“ за 16,7 отсто.
09.08.2023
Ефектот на „Оземпик“ и неговиот сестрински лек за дебелина, „Вегови“, се чини дека ќе се прошири многу подалеку од дебелината и дијабетесот. Друга голема студија неодамна покажа дека „Вегови“ го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар. И од „Волмарт“. рече минатата недела изјавија дека се гледа влијание врз побарувачката за набавки од луѓе кои го земаат лекот.
Предвременото запирање на тестирањето укажува на „малку побрзи перформанси отколку што претходно мислевме“, напиша аналитичарката на Ситигруп, Вероника Дубајова во белешката. Бубрежното заболување е една област каде лековите како „Оземпик“ може да помогнат да се намали бројот на пациенти со текот на времето, рече таа.
Изненадувачките резултати на „Ново“ се последни во серијата удари за „Фресениус“, најголемиот давател на услуги за дијализа на американскиот пазар, бидејќи се обидува да организира пресврт откако трошоците се зголемија и пациентите на дијализа починаа за време на пандемијата Ковид-19. Инвеститорите веќе беа загрижени за деловното влијание на таканаречените лекови GLP-1.
Акциите на компанијата паднаа за околу една третина откако „Ново“ ја објави својата позитивна студија за срцеви заболувања во август. Компанијата одби да коментира.
Компанијата е исто така во средина на егзодус на лидерство. Минатата година двапати ги смени извршните директори, а акционерите неодамна одобрија план за промена на правната форма на компанијата за да се добие поголема автономија од матичната компанија „Фресениус СЕ“.
Иако „Фресениус СЕ“ се откажува од контролата на „Фресениус Медикал“поради оваа законска измена, таа ја задржува позицијата како најголем акционер. Извршниот директор на „Фресениус СЕ“, Мајкл Сен, рече дека нема намера да го продаде уделот од 32 отсто, бидејќи верува во потенцијалот за раст на компанијата за дијализа на бубрезите. Во средата паднаа и акциите дури за 13 отсто, најмногу од 2018 година.
„Оземпик“ и „Вегови“, двата лека познати како семаглутид, се дел од класата на лекови кои го имитираат хормонот GLP-1, кој се ослободува после јадење. Тие им помагаат на пациентите да се чувствуваат сити подолго време и го забавуваат движењето на храната низ дигестивниот тракт. Прво развиени за дијабетес тип 2, тие сега покажаа невидена ефикасност во губење на тежината, поттикнувајќи го пазарот за кој се проценува дека може да порасне до 150 милијарди долари.
Новото испитување, наречено „Флоу“ започна во 2019 година и ја разгледуваше прогресијата на оштетувањето на бубрезите кај луѓето со дијабетес тип 2 и хронично бубрежно заболување, во кое беа вклучени повеќе од 3.500 луѓе во 28 земји.