text size
Земјите од поранешна Југославија и Централна Европа да формираат регионална берза за тргување со акции, изјави вчера доцна вечерта Мирослав Мишковиќ, претседател на Управниот одбор на најголемата српска компанија „Делта холдинг“, говорејќи на „Копаоник бизнис-форум“. Секогаш кога има јавен настап, а тоа е исклучително ретко, Мишковиќ привлекува регионално внимание, а во последниот најголемо внимание посвети на образованието, допре до вештачката интелигенција, земјоделството, но и пазарот на капитал.