Винарската визба „Тиквеш“ го подготви првиот ЕСГ извештај (од англиски: ESG-environmental, social and governance) со што стана првата компанија во винската индустрија во регионот која ги применува водечките глобални ЕСГстандарди во доменот на заштитата на животната средина, позитивното општествено влијание и транспарентното корпоративно управување.
Извештајот беше презентиран на конференцијата што ја организираше компанијата во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со финансиска поддршка од Европската унија – Фонд за развој на претпријатија и иновации за Западен Балкан (WB EDIF).
„Први ги воведовме ЕСГ стандардите, почнувајќи со нивното спроведување уште години наназад, а денес го имаме и нашиот прв ЕСГ-извештај. Но, нашата работа не завршува тука. Со зголемување на предизвиците со кои се соочуваме како човештво, се зголемува и потребата од нашата инволвираност во нови иницијативи и на нови теми. Заштитата на животната средина и борбата против климатските промени се едни од нив“, рече претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски.
Прочитај повеќе

Што е ЕСГ инвестирање и зошто е на удар на критиките?
Широката употреба на ЕСГ факторите поттикна скептицизам
11.06.2024

ЕСГ стандардите наскоро ќе бидат лиценца за работа на компаниите
„Блумберг Адрија“ организираше во Белград конференција насловена „Одржлив бизнис“ .
05.06.2024

Имплементацијата на ЕСГ стандардите не е спринт, туку маратон
Парите или профитот не е веќе главниот показател за успешноста на една компанија.
05.06.2024

Компаниите загадувачи тешко ќе може да добијат осигурување во иднина
Дигитализацијата е уште еден предизвик за компаниите од осигурителниот бизнис.
11.04.2024

ЕСГ-практиките стануваат редовен дел од речникот на македонските банки
Банките се освестуваат за потребата од воведување практики за заштита на животната средина и подоброто управување.
01.04.2024

Тој се согласи дека иако овие стандарди се поставени, сѐ уште во нашата земја и пошироко нема доволна свесност за потребите на компаниите. „Сѐ уште не постојат поволни кредити со кои би се поддржало спроведувањето на активностите што ги бараат ЕСГ- стандардите од страна на компаниите, како и за тоа да се овозможи повеќето од нив да навлезат во оваа област“.
Овој процес на имплементација е дел од тековната поддршка на ЕБОР и програмата „Блу рибон“ (Blue Ribbon), која му овозможува на „Тиквеш“ пристап до клучни консултантски и советодавни услуги во оперативното и финансиското работење на компанијата. „Го охрабруваме приватниот сектор да ги контактира нашите тимови и да зачекори кон патувањето на еколошки и одржлив развој, со цел да креира долгорочни вредности за општеството“, рече Фатих Туркменоглу, раководител на претставништвото на ЕБОР во Скопје.
Винарска визба „Тиквеш“
На панел-дискусиите што се одржаа во рамки на конференцијата се презентираа различни аспекти од ЕСГ сферата, вклучувајќи ја регулаторната рамка, подготовката и поднесување на ЕСГ извештаите, за начинот на градење одговорни вредносни синџири кои вклучуваат компании со имплементирани ЕСГ стандарди, а беа истакнати и најдобрите локални практики и искуства.
Винарска визба „Тиквеш“
Активностите и проекти на „Тиквеш“ придонесуваат за исполнување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Во тој дел беше истакнато и приклучувањето на „Тиквеш“ кон групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA), во која членуваат 40 водечки светски винарници кои се лидери во активностите за заштита на животната средина и природните ресурси и кои имаат научно-базиран пристап во намалувањето на јаглеродните емисии и нивното влијание врз климатските промени.