text size
Oсигурениците што имаат дополнително (приватно) здравствено осигурување за првите пет месеци од годинава наплатиле 5,3 милиони евра за медицински трошоци покриени со нивните полиси за здравствено осигурување. Осигурителните компании годинава исплатија 1,2 милион евра повеќе пари за медицински трошоци покриени со осигурување во споредба со истиот период лани покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).