text size
„Тесла“ (Tesla Inc.) вчера објави разочарувачки профит, што е четврт квартал по ред, а главниот извршен директор Илон Маск јасно стави до знаење дека подобрите денови се‘ уште се далеку. Гигантот за електрични возила нема да го претстави мошне очекуваното роботакси до 10 октомври - и тоа ќе биде само прототип. Нов автомобил со пониска цена што може да се продава нема да започне да се произведува најрано до првата половина на следната година. Планираната фабрика во Мексико е на пауза барем до претседателските избори во САД на 5 ноември. А хуманоидниот робот за кој Маск тврди дека ќе ја зголеми вредноста на „Тесла“ нема да биде готов наскоро.