„Баер“ (Bayer AG) се согласи да ѝ плати на компанијата „Кумкват бајосајенсис“ (Kumquat Biosciences Inc.) до 1,3 милијарда долари за да добие потенцијален нов лек против рак и да ги подобри изгледите за раст на својот фармацевтски сектор, кој се соочува со тешкотии.
„Баер“ ќе помогне во финансирањето на развојот на лек во рана фаза од приватната компанија „Кумкват“, наменет за неколку вида рак кај кои е мутиран генот KRAS, соопшти германската компанија во вторникот.
„Баер“ се сврте кон мали и средни аквизиции за да ја обнови својата листа на идни лекови, бидејќи нејзините најпродавани препарати – антикоагулантот „ксарелто“ (Xarelto) и лекот за очи „ајлија“ (Eylea) – се соочуваат со нова конкуренција од поевтини копии.
Прочитај повеќе

Италија, Шпанија и Грција го преземаат приматот на пазарот на обврзници
Поранешните „ризични“ економии сега доминираат на пазарот на обврзници, привлекувајќи капитал што некогаш одеше во Германија и Франција.
11.08.2025

Данската економија се потпира на „Ново“, но што ако фармацевтскиот гигант падне?
Ударите врз „Ново Нордиск“ може да предизвикаат пад на извозот, стагнација на БДП и отпуштања.
04.08.2025

Зошто „Крка“ е предводник на дивидендните аристократи во регионот?
Низ сите глобални кризи и пазарни шокови, „Крка“ не го намали износот на дивидендата, туку ја зголемуваше со текот на времето.
08.05.2025

Трамп вели дека брзо ќе ги воведе долго ветуваните фармацевтски тарифи
Трамп веќе примени секторски тарифи од 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили, додека го започна процесот за нивно воведување и на бакар.
09.04.2025
Засега, компанијата се потпира на брз раст на продажбата на лекот против бубрежни заболувања „керендија“ (Kerendia) и лекот против рак „нубека“ (Nubeqa) за да спречи пад на приходите на фармацевтскиот сектор во втората половина од оваа деценија. Исто така, компанијата се надева дека ќе има корист од серијата инвестиции во новата генерација клеточни и генски терапии.
Главниот извршен директор Бил Андерсон се обидува да ја врати успешноста на компанијата, која е заглавена во масовни судски спорови во САД поради производи наследени со преземањето на „Монсанто“ (Monsanto) во вредност од 63 милијарди долари. Некогаш икона на германската индустрија, „Баер“ се соочува со тешкотии од трансакцијата во 2018 година, при што вредноста на акциите падна за повеќе од половина.
„Баер“ нема финансиска моќ како многу од своите конкуренти, делумно поради високото задолжување преземено со зделката за „Монсанто“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...