„Шаоми“ (Xiaomi Corp.) месецов ќе го издаде својот следен водечки паметен телефон и ќе го ажурира својот бренд за соодветно да се натпреварува со „Епл“ (Apple Inc.) за удел на пазарот на премиум паметни телефони.
Компанијата со седиште во Пекинг го поместува својот вообичаен временски распоред за лансирање и директно скока од генерацијата „шаоми 15“ (Xiaomi 15) на новата серија 17, совпаѓајќи се со номенклатурата на „ајфон“ (iPhone) на „Епл“ со новите модели што доаѓаат: „шаоми 17 про“ (Xiaomi 17 Pro) и „17 про макс“ (17 Pro Max).
Основачот и извршен директор Леи Џун денеска изјави дека неговата компанија сака да се мери со паметните телефони на „Епл“, кои долго време се сметаа за стандардни носители на високата класа на пазарот.
Прочитај повеќе

„Епл“ ја претстави новата линија на ајфони: Нов дизајн, нови технологии и ултратенка верзија
„Епл“ ја претстави новата генерација на телефони со целосно нов дизајн, ултратенкиот „ајфон 17 ер’ и моќни модели „про“.
10.09.2025

Јалова револуција: Животот на батеријата поважен од вештачката интелигенција
Корисниците немаат некоја особено силна причина да му дадат предност на еден паметен телефон пред друг кога е во прашање ВИ.
12.02.2025
„Ајфон 17“ на „Епл“ излегува во глобална продажба в петок, а новите изданија „про“ носат освежен дизајн. Компанијата со седиште во Купертино, Калифорнија, контролира 62 проценти од продажбата во премиум сегментот - телефони со цена од најмалку 600 долари - според податоците на „Каунтерпоинт рисрч“ (Counterpoint Research). На глобално ниво „Шаоми“ има само мал дел од тој сегмент, иако во првата половина од годинава ја зголеми продажбата за 55 проценти и има поголеми шанси да се натпреварува на домашен терен, во Кина, каде што „ајфон ер“ (iPhone Air) на „Епл“ е одложен.
„Ја започнавме нашата стратегија за премиумизација пред пет години за да учиме од нашиот најголем конкурент, споредувајќи се со ајфон“, истакна претседателот на „Шаоми“, Лу Веибинг, во објава на мрежата Веибо (Weibo). „’Епл’ е сè уште извонреден. Но ние сме силно уверени дека можеме да се соочиме со предизвикот со истата генерација на производи.“
Bloomberg Mercury
Долго познат по својата понуда т.н. „вредност за пари“ што опфаќа сè, од паметни телефони и лаптопи до кујнски апарати и куфери, „Шаоми“ направи храбар излет во електричните возила, што почна да се исплатува во текот на минатата година, речиси тројно зголемувајќи ги своите акции што се тргуваа во Хонгконг. Успевајќи во нова област што „Епл“ ја напушти, се чини дека „Шаоми“ е охрабрен да се соочи со американскиот лидер во сегментот на паметните телефони.
„Скокот кон серијата 17 звучи како ‘Шаоми’ да е доволно самоуверен да каже дека може да биде добар како ‘Епл’, кој сè уште е високо ценет во Кина“, рече аналитичарот на ИДЦ (IDC), Брајан Ма. „Што се однесува на ‘Шаоми’, во првата половина од годинава 10 проценти од испораките на паметни телефони во Кина беа со вредност над 600 долари, што е солидно зголемување во споредба со речиси ништо во 2019 година.“
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...