text size
Нема услови Народната банка во Македонија да ја намали релативно рестриктивната политика што ја води сега, вели универзитетскиот професор Никола Поповски во интервју за „Блумберг Адрија“. Тој додава дека македонската инфлација сè уште ротира со околу 10 проценти, со проекција дека до крајот на годината ќе се спушти некаде на осум отсто.