text size
Германското индустриско производство во јуни падна втор месец по ред, дополнително продлабочувајќи ги проблемите на најголемата економија во еврозоната, која едвај излезе од рецесијата на почетокот на годината. Според германскиот завод за статистика, производството паднало за 1,5 отсто во споредба со мај, а најголеми проблеми предизвикале автомобилската индустрија и градежништвото.