text size
Нарачките во германските фабрики се зголемија во мај, што дава позитивен сигнал дека производството може да ја ублажи рецесијата што ја тресе најголемата европска економија. Побарувачката бележи раст од 6,4 отсто во мај споредено со април. Споредено со претходната година, вкупните нарачки сè уште се намалени за 4,3 отсто.