Германското индустриско производство падна четврти месец по ред во септември, нагласувајќи го предизвикот со кој се соочува најголемата европска економија во избегнувањето на рецесијата.
Производството е намалено за 1,4 отсто во споредба со август, а најголем пад е забележан во автомобилската индустрија, како и во електрониката и фармацевтскиот сектор, соопшти во вторникот заводот за статистика. Тоа беше полошо од просечната проценка во истражувањето на „Блумберг“, кое предвидуваше пад од 0,1 отсто.
Германската економија се намали за 0,1 отсто во третиот квартал поради намалената потрошувачка на домаќинствата. Аналитичарите прогнозираат сличен пад во последниот квартал од оваа година, што може да доведе до блага рецесија, иако растот може да се врати следната година со олеснување на инфлацијата.
Производителите, на кои Германија се потпира повеќе од другите земји, се соочуваат со високи цени на енергијата, зголемување на глобалните каматни стапки и забавување во Кина. Хемиската компанија „Ланхесс“ (Lanxess AG) предложи намалување на дивидендата во понеделникот и предупреди на помала заработка од очекуваната.
Фабричките нарачки се зголемија за 0,2 отсто во септември, објави во понеделникот заводот за статистика, иако бројките беа ревидирани надолу за претходниот месец.