Персонализираната медицина ги поместува границите. Анализите и истражувањата за долговечноста се во пораст и сè повеќе луѓе зборуваат за потенцијални 150 години живот во блиска иднина. Д-р Наташа Пржуљ, академска професорка, истражувачка на ICREA во Суперкомпјутерскиот центар во Барселона и редовнa професорка на Универзитетот во Лондон и на компјутерската школа РАФ во Белград, вели дека е реално во иднина да живееме подолго.
„Имаме потенцијал да живееме многу подолго од денес, но јас не верувам дека ќе живееме 150 години. Мислам дека 120 години се реални. Веќе постојат одредени формулации и суплементи што влијаат на животниот век. Мојата визија за иднината е дека нема да има повеќе болести, односно дека ќе можеме да ги лекуваме сите болести и дека ќе можеме да живееме додека ни налагаат нашиот геном и нашата околина“, вели Пржуљ.
Некои теории велат дека има премногу луѓе на планетата и дека Земјата е пренаселена, но Пржуљ не се согласува со тоа.
„Немаме премногу луѓе на планетата. Поголемиот дел од планетата е пуст, имаме огромни тајги во Русија, Канада е пуста, селата се празни. Мојата визија е да го продолжиме животниот век од 80 на 120 години без болести и во полн работен и животен капацитет“, објаснува Пржуљ.
Биореволуцијата носи голем потенцијал за решавање на предизвиците, и тоа од пандемии до климатски промени. Кога станува збор за позицијата на Србија во иднина во таа област, Пржуљ вели дека во моментов на повидок се значајни промени.
Доколку се спроведат значајните промени што се на хоризонтот, Србија може да игра водечка улога во биореволуцијата. Имаме кампус Био 4, кој се гради како дел од Експо 27, и тоа е значаен развој. Убаво е што се градат згради, но прашање е со што ќе се полнат. Човечкиот потенцијал е клучен, а Србија го има тоа. Човечкиот потенцијал на нашиот народ овде е огромен, а значајна и голема е и нашата дијаспора. Без нашата научна дијаспора не гледам дека може да се спроведе кампусот Био 4“, посочува Пржуљ.
Целиот разговор е во видеото.