text size
Олимписките игри денес се еден од ретките глобални настани што јасно ги разоткриваат разликите меѓу Западот и Истокот. Не на спортските борилишта, туку во начинот на кој се управува со јавните пари, политичките амбиции и долгорочните последици од големите проекти. Истиот формат, истиот спортски календар и истите симболи создаваат сосема различни економски исходи, во зависност од тоа кој е домаќин и со каква цел влегува во организацијата.