Општо

Хаос во ЈСП, најавата за штрајк засенета од дојава за бомба

Автор: Игор Смилевски

19 октомври 2022, 11:52

Вработените на ЈСП бараат исплата на задоцнетите плати

Во пресрет на протестот најавен за денеска се случи дојава за бомба

Во Скопје од утрово има прекин во функционирањето на јавниот градски превоз

Хаос во ЈСП, најавата за штрајк засенета од дојава за бомба

МИА

Игор Смилевски

Поради дојава за бомба, во Скопје од утрово има прекин во функционирањето на јавниот градски превоз, во пресрет на најавениот протест на вработените во ЈСП поради неисплатени плати.

Низ градските улици сообраќаат само приватните автобуси, но не и оние на Јавното сообраќајно претпријатие.

Вработени во ЈСП за МИА изјавиле дека утрово е забранет влезот во кругот на претпријатието во населбата Автокоманада и оти во дирекцијата има зајакнати контроли. Автобусите, како што велат, се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за рачна момба. Известувањето било било пратено синоќа преку електронска пошта.  

Од МВР информираат дека денеска полициски службеници го привеле Ј.И. вработен во ЈСП,  по претходна пријава околу 5 часот од страна на претпријатието.

„Ј.И. од неговата електронска пошта на службената електронска пошта на ЈСП Скопје и на електронските адреси на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во претпријатието, испратил закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денеска за време на протестите“, се вели во соопштението.

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, најави дека ќе го поддржи протестот на вработените во ЈСП, кои имаат намера денеска да ги паркираат автобусите пред Владата.

Според неа, централната власт не префрлила пари за ученички и студентски билети и затоа не може да се подели плата на вработените. 

Владата, пак, вчера образложи дека во 2021-2022 година студентите и учениците не посетувале настава со физичко присуство поради пандемијата на Ковид-19 и затоа не се предвидени пари за карти. 

Сите новости од рубриката Политика

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

Политика

Франција одново ја разгорува војната за пензиите поради зголемениот јаз во финансирањето
Општо

Франција одново ја разгорува војната за пензиите поради зголемениот јаз во финансирањето

Задржување на сегашниот праг за пензионирање (63 години) ќе чини плус 13 милијарди евра годишно, а зголемување на 65 години ќе значи дополнителни 17,7 милијарди евра јавни финансии.

пред 4 часа

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

сите новости од рубриката Политика