Успешниот настап на Светското првенство во Катар и освоениот бронзен медал на хрватската фудбалска репрезентација ѝ донесоа заработка од 51,5 милион евра како трета најдобра селекција во светот.
Хрватска втор Мундијал по ред се искачи на пиедесталот по награда. На завршниот турнир во 2018 година во Русија зеде сребро, а сега бронза во Катар, совладувајќи го вчера Мароко во малото финале, со резултат 2:1.
Само оваа победа на Фудбалската федерација на Хрватска ѝ донесе заработка од 26 милиони евра, додека Мароко за четвртото место ќе инкасира дополнителни 24 милиони евра.
Второпласираната репрезентација на СП само за финалниот натпревар ќе инкасира 30 милиони евра, додека светскиот првак ќе заработи 40 милиони евра.
Финалето на Мундијалот во Катар се одржува меѓу актуелниот светски првак Франција и селекцијата на Аргентина, а ќе се одигра попладнево, од 16 часот, во Лусаил.