Милијардерот инвеститор Леон Куперман вели дека не смета дека некој што заработува 400.000 долари годишно е богат откако таа бројка неодамна беше предложена од претседателот Џо Бајден и демократите за зголемување на даноците на богатите домаќинства.
„Верувам дека богатите луѓе треба да плаќаат повеќе даноци“, рече Куперман во интервју за телевизијата „Блумберг“. „Прашањето со кое треба да се справиме како нација е околу проблемот: Која треба да биде максималната даночна стапка за богатите луѓе?“
Куперман (78) ги нарече разговорите за даноците на богатството „празна слама“.
„Не ни требаат нови форми на оданочување - треба да се справиме со дупките во легислативата“, рече тој, посочувајќи на правилата, вклучително и оние што ја регулираат стапката на камата, кои им дозволуваат на некои менаџери на приватен капитал да плаќаат пониски стапки на една од нивните главни форми на компензација.
„Мислам дека станува малку појасно дека општата јавност не се согласува со прогресивците“, рече Куперман.
Куперман вреди 2,5 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“, иако тој рече дека таа бројка е премногу мала, без да елаборира. Милијардерот престана да управува со пари на клиенти во 2018 година и ја пренамени својата „Омега адвајзорс“ (Omega Advisors) во семејна канцеларија. „Омега“, која објави годишен принос од 12,4% од основањето, ги исплати инвеститорите на рекордно високо ниво.