Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856.766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3,3 проценти повеќе од 2021 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Македонија во 2022 година изнесува 605.638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на
собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4,2 отсто.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион, 172.288 тони. или 28,4 отсто од вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 506.257 тони, или 84 проценти се од домаќинствата, а преостанатите 16 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, дури 494.693 тони, или 81,7 отсто, а најмало количество има на отпадот од гума, 1.487 тони, или 0,2 отсто од вкупното количество собран комунален отпад.