Скопје како Солун: Месечен закуп на гарсониера и до 300 евра
Гарсониерите во Скопје, во зависност од локацијата и степенот на опременост, се издаваат по цени меѓу 100 и 300 евра месечно. Нашата анализа на огласите за закуп на станови во соседна Грција откри дека во многу случаи цените за закуп на станови во Скопје се повисоки отколку во Солун.
Агенциите за недвижности велат дека во изминатиов период има мал пораст на цените за закуп на станбен и на деловен простор, но посочуваат дека тоа ни оддалеку не е во ист обем како зголемувањето на цените за купопродажба на недвижности.
Ги анализираме и огласите за продажба, кои покажуваат дека голем број градежни инвеститори и граѓаните сопственици на станови се обидуваат да го искористат повеќегодишниот тренд на пораст на цените на становите во земјава да продадат станови по нереални цени, кои достигнуваат и до 2.000 евра за квадрат.
Познавачите велат дека на македонскиот пазар на недвижности има своевиден циркус, особено кога станува збор за станбениот простор, бидејќи некои од сопствениците сакаат да го искористат трендот на раст на цените на становите и инсистираат на продажба по високи цени, кои се нереални.
Нови проекции на НБРМ: БДП ќе порасне за 2,1 отсто годинава
Надолна корекција за економскиот раст во земјава. Во најновиот извештај за макроекономските движења, Народната банка на Македонија (НБРМ) прогнозира дека до крајот на годината БДП ќе порасне за 2,1 отсто, што е намалување од основното сценарио за оваа година, според кое се проектираше раст од 2,6 отсто.
За 2024 и 2025 година проекциите за БДП се непроменети, односно се очекува забрзување на растот, при што тој би изнесувал 3,6 и 4 отсто, соодветно, во согласност со закрепнувањето на глобалната економска активност, а особено активноста на најзначајните трговски партнери на земјава.
Американското индустриско производство се враќа по мартовскиот пад
Американското производство минатиот месец се зголеми за еден отсто, покажаа денешните податоци на Федералните резерви (ФЕД). Растот на фабричкото производство е одраз на скокот од 9,3 проценти во производството на моторни возила, кој е најголем од октомври 2021 година.
Сепак, производствениот сектор, кој веќе се соочуваше со низа спротивставени ветрови, се наоѓа под зголемен притисок во услови на заострување на финансиските услови, послаба побарувачка на стоки и неизвесна перспектива. Во исто време, фабриките уживаат одредено олеснување поради стабилноста во синџирите за снабдување и поевтинувањето на артиклите.
Цената на јагленот падна под 100 долари за тон, првпат од 2021 година
Цената на европскиот јаглен падна под 100 долари за тон, што е најниско ниво во речиси две години, главно поради тоа што падот на побарувачката за електрична енергија и пониските цени на гасот ја ограничија употребата на нечистото гориво.
Електроцентралите го фаворизираат гасот наместо јагленот, при што силниот увоз на течен природен гас ги зголемува резервите и ја подобрува енергетската безбедност на регионот.
Еквадор доби покана од ОПЕК за повторно приклучување на групата
Организацијата на земји извознички на нафта, ОПЕК, ја покани државата Еквадор да ѝ се приклучи на групата, нешто повеќе од три години по нејзиното заминување.
Еквадор одлучи да ја напушти организацијата кон крајот на 2019 година, кога ги надминуваше договорените квоти за производство и се обиде да го префрли својот фокус на максимизирање на приходите. Земјата во тоа време беше меѓу најмалите производители во рамките на ОПЕК, испумпувајќи околу 540.000 барели нафта дневно.